Предавање за фотограметрија и за 3D моделирање на културно наследство
14.02.2017
Музеј на Македонија
Музејот на Македонија и ЦИП го организираа предавањето на Југослав Пендиќ од Институтот Биосенс во Нови Сад со наслов „Фотограметријата во документацијата и презентацијата на културното наследство“. Предавањето се одржа на 14.02.2017 во киносалата на Музејот на Македонија. Во него се презентираа методите на фотограметријата и нејзината примена во 3Д моделирањето на културното наследство што влегува во сферата на етнологијата, историјата на уметност и на археологијата. Овие нови технологии во документирањето често се ползуваат во светските музеи и претставуваат составен дел од архивите, изложбите и од документарните филмови. Преку краток интерактивен курс, гостинот ги демонстрираше потенцијалите на овие методи што можат да најдат широка примена во презентацијата на културното наследство во Македонија.