‘Wetlands vs. Drylands? Challenging Divides and Changing Archaeological Perspectives on Prehistoric Wetland Sites, Landscapes and Societies’
Септември 2018
Барселона
Минатата недела се одржа 24-от Собир на Европската асоцијација на археолозите во Барселона. На овој собир, заедно со Флор Хуисман од Универзитетот во Дарем ја организиравме сесијата ‘Wetlands vs. Drylands? Challenging Divides and Changing Archaeological Perspectives on Prehistoric Wetland Sites, Landscapes and Societies’.
На сесијата учестуваа археолози од повеќе европски земји, а како главни дискутанти беа ангажирани реномираните Тимоти Тејлор и Алберт Хафнер. Во неа се презентираа новите искуства и перспективи на археолошката методологија и теорија што имаат за цел да ги надминат застарените и изолираните проучувања на наколните населби и тумбите. Динамичните дискусии предложија повеќе нови видувања на овие специфични локалитети и нивната околина, а се отворија можности и за вмрежено истражување на предисториските населби преку повеќе институции.
Покрај реализацијата на оваа сесија, се посети предисториската наколна населба Ла Драга, како и повеќе знаменитости во Барселона и Каталонија. Во рамки на овој собир се одржаа и повеќе работни состаноци поврзани со идните соработки меѓу ЦИП, македонските музеи и неколку европски и американски институции.