„Women, Mothers and Goddesses: Universal Languages and Mеtaphors in the Prehistoric Art“
Археолошки музеј во Удине
Ни претставува чест што сме поканети од Археолошкиот музеј во Удине да
учествуваме на изложбата „Women, Mothers and Goddesses: Universal Languages and
Mеtaphors in the Prehistoric Art“. Оваа изложба, организирана од Археолошкиот музеј
на Удине заедно со Универзитетите во Сиена и Фиренца, се отвори на 12.11.2017 и ќе
трае до 11.02.2018. За оваа пригода направивме осврт кон балканските фигурини,
приложувајки теориски и музеолошки перспективи за нивните значења и формите
на изложување. На оваа изложба учествува и Музеј на Македонија истакнувајки ја
интерактивноста на културното наследство и неговото доближување до лицата со
посебни потреби. Изложбата претставува уште еден чекор напред кон
презентирањето на нашето културно наследство и особено пред оние што не се
занимаваат со археологија, историја на уметност и антропологија, а се љубопитно
заинтересирани за уметноста во минато.