Southeast European and Swiss Network in Wetland Archaeology

Мај, 2018

Универзитетот во Берн

Минатата недела учествувавме на конференцијата во Универзитетот во Берн именувана „Southeast European and Swiss Network in Wetland Archaeology“. Покрај презентирањето на тумбите и палафитите од Пелагонија и Охридското Езеро, имавме можност да договориме и нови соработки. Покрај тоа го посетивме музејот Латениум и неколку локалитети со наколни населби.

Неизбежна беше и посетата на извонредната галерија на уметникот Пол Кле, но особено не израдува гостопримството во Лабораторијата за радиокарбон анализи во Берн, каде што се датираа неколку локалитети од Пелагонија. Од овие машини и инструменти што изгледаат како уметничко дело, неодамна ги добивме и најновите дати за неолитската населба Врбјанска Чука, којашто била формирана во самиот почеток на шестиот милениум п.н.е.