Анализа на неолитските техники на жнеење во Македонија

Минатата недела имавме одлично истражување со Хуан Хибаха и Николо Маѕуко во рамки на проектот „Анализа на неолитските техники на жнеење во Македонија“. Овој проект меѓу ЦИП и Шпанскиот национален совет за истражување, во соработка со Градскиот музеј во Скопје, Завод и музеј - Прилеп и Завод и музеј - Штип, даде извонредни резултати и сосема нови сознанија за појавата на земјоделството во Македонија.

Особено нè радува тоа што со нив ја откривме и првата неолитска алатка од обсидијан во Пелагонија, како и мноштвото српови што укажуваат како се жнееле житариците. На предавањето тие ги презентираа нивните искуства, како и насоките за нашите идни соработки поврзани со истражувањата на првите жетвари во Македонија.