Истражувањата на предисториската наколна населба Плоча-Миќов Град

Јуни 2017

Плоча-Миќов Град, кај Градиште на Охридското Езеро

Неодамна ги завршивме истражувањата на предисториската наколна населба Плоча-Миќов Град, кај Градиште на Охридското Езеро. Истражувањата дадоа одлични резултати за хронологијата, материјалната култура и архитектонските обележја на оваа населба.

Им благодариме на подршката на Завод и музеј - Охрид, Управата за заштита на културното наследство и на Амбасадата на Швајцарија. Во наредниот период резултатите ќе бидат претставени преку неколку презентации и научни трудови.