Ранонеолитскиот локалитет Подгори и археоботанички анализи во Пелагонија

29.06.2022 - 20:00

На 22-ри декември Центарот за истражување на предисторијата ја одржа 7-та конференција за предисториска археологија, а која оваа година е насловена како „Предисторија на Балканот“. На овој настан учествува археолози, археоботаничари, археозоолози и антрополози од Англија, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Романија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Грција и Македонија.
Продолжуваме со реализацијата на проектот Common Cultural Heritage во Пелагонија, каде на неолитскиот локалитет Влахо соработуваме заедно со македонски, албански и српски студенти и стручњаци. Во рамки на овие активности се и предавањата на Еда Андони од Институтот за археологија во Тирана и на Амалиа Сабанов од Филозофскиот факултет во Белград.
На овие предавања, што ќе се одржат оваа среда во 20:00 часот во малата сала на Завод и музеј - Битола, нашите соработнички ќе го претстават почетокот на неолитот во Албанија, како и резултатите од повеќегодишните археоботанички истражувања на пелагонските тумби. Влезот е слободен и добредојдени се сите вљубеници во минатото што сакаат да се запознаат со животот, уметноста и исхраната на првите земјоделци на Балканот.