Промоција на ЛУРИСТАНСКИ СТАНДАРДИ - ИКОНОГРАФИЈА, СEМИОТИКА И НАМЕНА

01.06.2022

Ни претставува задоволство да ве поканиме на промоцијата на новата електронска книга на Никос Чаусидис објавена во две засебни изданија, на македонски и на англиски јазик:

ЛУРИСТАНСКИ СТАНДАРДИ - ИКОНОГРАФИЈА, СEМИОТИКА И НАМЕНА
LURISTAN STANDARDS - ICONOGRAPHY, SEMIOTICS AND PURPOSE

Монографиите се во издание на Центарот за истражување на предисторијата, на чија веб- страница, по промоцијата, тие ќе можат слободно да се преземат. Со називот „луристански стандарди“ се означува една мошне голема и загадочна група бронзени предмети (со очевиден симболички т.е. култен карактер) кои потекнуваат од доцното бронзено и од железното време. Пронајдени се во областа Луристан во западниот дел на денешен Иран од каде, во минатиот век, ќе доспеат во речиси сите позначајни светски музеи и приватни колекции. Со оглед на меѓународниот карактер на археолошките предмети на кои е посветена оваа книга, промоцијата ќе се одржи онлајн, на платформата Zoom, на 1-ви јуни (среда) во 19:00 часот, а ќе може да се проследи на следниот линк:

https://us06web.zoom.us/j/88069017305?pwd=dmlvdUQ5ZzZYekFLOGVHTWpCSHFoQT09