ВИНЧА: НЕОЛИТСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР
21.06.2022 - 19:00
На 22-ри декември Центарот за истражување на предисторијата ја одржа 7-та конференција за предисториска археологија, а која оваа година е насловена како „Предисторија на Балканот“. На овој настан учествува археолози, археоботаничари, археозоолози и антрополози од Англија, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Романија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Грција и Македонија.
Ја започнавме првата студентска работилница во Пелагонија во рамки на европскиот проект Common Cultural Heritage. Покрај теренските и кабинетските истражувања и курсеви, заедно со Завод и музеј - Битола го организираме и предавањето на Кристина Пенезиќ од Институтот Биосенс и соработничка на Филозофскиот факултет во Белград.
Предавањето ќе се одржи на 21-ви јуни во 19:00 часот во малата сала на Завод и музеј - Битола, а на кое Кристина Пенезиќ ќе говори за извонредниот епонимен локалитет Винча, на кого таа истражува многу години. Во рамки на предавањето таа ќе ја претстави истражувачката историја на Винча, применетите научни методи, како и фасцинатната материјална култура која е синоним за оваа неолитска населба, но и за целата доцнонеолитска култура, именувана токму по неа.