Анализа на неолитските техники на жнеење во Македонија
Центарот за истражување на предисторијата и Шпанскиот национален совет за истражување го реализираат проектот „Анализа на неолитските техники на жнеење во Македонија“, во соработка со Градскиот музеј во Скопје, Завод и музеј - Прилеп и Завод и музеј - Штип. Истражувањето се концентрира на технолошката еволуција што ја следи појавата на земјоделството во неолитот. Во преден план е проучувањето на техниките, алатките и знаењето неопходни за култивирање, жнеење, чување, процесирање и конзумирање на житариците. Проектот се концентрира на анализа на технологиите користени при изработката и производството на земјоделските алатки користени во неолитските населби во Македонија, а воедно ќе се врши и датирање на житариците што биле конзумирани во тоа време. На тој начин, ќе се направи корелација меѓу жетварските техники и точното време на процесирање и амбалажирање на житните култури пред нивното конзумирање.