publishing/ Центар за истражување на предисторијата | ЦИП

Конкурс за обука во сферата на дендрохронологијата на Универзитетот во Берн, Швајцарија

29.12.2016 (четврток), 15:00 ч.

Институт за историја на уметност и археологија, Филозофски факултет

Почитувани колеги,

би сакале да ве известиме дека Центарот за истражување на предисторијата - ЦИП објавува конкурс за обука во сферата на дендрохронологијата. Обуката ќе се изведува на Универзитетот во Берн (Швајцарија) со врвни европски дендрохронолози, а после обуката ќе се овозможи усовршување на стекнатото знаење и примена на дендрохронологијата во македонската археологија.

Со цел да се избере најдобриот кандидат, ЦИП ќе направи интервју со сите заинтересирани колеги на 29.12.2016 (четврток) во 15:00 часот. Збирното место е просторот пред билбиотеката на Институтот за историја на уметност и археологија, Филозофски факултет. На овој конкурс можат да учествуваат студенти, постдипломци и археолози со повисоки научни звања. Сите заинтересирани кандидати треба да приложат CV и мотивационо писмо (најмногу до 1000 зборови) поврзано со нивниот придонес во дендрохронологијата. Документите и прашањата околу обуката можат да се испратат на следната адреса info@cip-cpr.org до 28.12.2016.