Предавање – Early Agricultural Communities in Southwest Ukraine Павел Шидловски и Евген Слиесарев – Универзитет „Тарас Шевченко“, Киев

23.03.2016

Музеј на Македонија

Во серијата предавања што ги организира Центарот за истражување на предисторијата-ЦИП, овој пат ќе бидат презентирани почетоците на земјоделството во Источна Европа.
Во соработка со Музејот на Македонија, ЦИП ги покани реномираните украински археолози Павел Шидловски и Евген Слиесарев од Универзитетот „Тарас Шевченко“ во Киев, да одржат предавање концентрирано на процесот на неолитизацијата и неговата манифестација во рамки на миграциите, стопанството и социјалните сфери. Гостите ќе говорат за првите земјоделски заедници во Југозападна Украина и значителните промени врз економијата и материјалната култура во овој регион. Особен акцент ќе биде ставен на камените алатки, нивната технологија и локалните карактеристики во рамки на археолошките култури познати како Криш, Буг-Дњестар и Трипоље.

Предавањето ќе биде на англиски јазик.