Предавање за Врбјанска Чука во општина Кривогаштани

16.02.2017

општина Кривогаштани

На 16.02.2017 се одржа предавањето поврзано со минатогодишните истражувања на локалитетот Врбјанска Чука што ЦИП го реализираше заедно со ЗЗСКМ – Прилеп, Универзитетот Јужна Бохемија и со Институтот за старословенска култура. На предавањето со наслов „Неолитска населба Врбјанска Чука кај Славеј“ беа презентирани најновите резултати од истражувањето на овој исклучително интересен предисториски локалитет и неговата улога во појавата и ширењето на земјоделството во Македонија во шестиот милениум пр. н.е. Предавањето беше проследено со видеопрезентација и разговор со присутните околу обележјата и потенцијалите на овој особено битен неолитски локалитет во Македонија.