АрхеоГИС: дигитално топографско моделирање и просторни анализи во археологијата

28.04.2018

Филозофски факултет, Скопје

Центарот за истражување на предисторијата со особено задоволство ги поканува сите студенти по археологија од прв, втор и трет циклус, но и сите љубопитни истражувачи на минатото одблиску да се запознаат со Географско информациските системи (ГИС) и нивната примена во археологијата.

Работилницата го носи името "АрхеоГИС: дигитално топографско моделирање и просторни анализи во археологијата", а ќе се одржи на 28.04.2018 во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје.

Работилницата има за цел да ги запознае учесниците со клучните концепти на ГИС преку нивна практична примена во неколку археолошки контексти. За време на работилницата учесниците ќе се стекнат со практично знаење од областа на дигиталното топографско моделирање, работа со векторски и растерски фајлови, ГИС мапирање и документирање, проценки на видливоста од одредена точка во просторот, подготовка и публикување на анализите и моделите во форма на веб-ГИС апликација итн.

Просторните анализи и моделирања ќе бидат изведени во бесплатниот софтвер QGIS, а секој од учесниците со себе потребно е да носи лаптоп.

За да се регистрирате на работилницата пратете мејл на arheogis@gmail.com со вашето име и презиме, телефонски број, циклус на студии (прв, втор, трет) и одговор на следниве прашања:

- Дали досега имате работено со ГИС?
- Дали имате познавање на некој програмерски јазик?
- На кој начин оваа работилница ќе ви биде од корист?

Бројот на местата е ограничен, а конечниот датум за регистрација е 25.04.2018.