Посета на археозоолозите Весна Димитриевиќ и Ивана Живаљевиќ од Универзитетот во Белград и Институтот Биосенс

Јуни, 2018

Изминативе две недели на гости ни беа археозоолозите Весна Димитриевиќ и Ивана Живаљевиќ од Универзитетот во Белград и Институтот Биосенс со коишто соработуваме во рамки на проектот BIRTH. Тие ги анализираа животинските коски од тумбите во Пелагонија и ни дадоа дополнителни податоци за диверзитетот на животни коишто биле конзумирани во неолитот.