Концерт на Дуња Иванова на Врбјанска Чука

Врбјанска Чука

На 25.08.2019 година, со почеток во 18,30 часот, на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт со делата на Стив Рајх, Филип Глас, Лудовико Еинауди и Јан Тирсен. Овој настан е несекојдневна можност да се слушнат современи класични композитори во археолошката сонда и за прв пат да се проткаат (пред)историските мистерии со репетитивните ритмови и минималистичките есенцијални мелодии на пијаното.
Локалитетот се наоѓа 1 км јужно од селото Славеј (на патот од Прилеп за Крушево) и до него може да се стигне со автомобил, велосипед, пеш или со параглајдер. До наоѓалиштето поминува патот од Славеј до Боротино којшто може да се користи за да се дојде до тумбата. Организатори на овој настан и истражувањата на Врбјанска Чука се Центарот за истражување на предисторијата, Форумот за авангардна креативност, Домот на културата „Марко Цепенков“, Институтот за старословенска култура и Завод и музеј - Прилеп.