Неолитот во Македонија IV - конференција

12.12.2018

Археолошки музеј на Македонија

Центарот за истражување на предисторијата и Археолошкиот музеј на Македонија оваа година го организираат четвртото издание на конференцијата „Неолитот во Македонија“ што ќе се одржи на 12-ти декември (09:00) во Археолошкиот музеј на Македонија.
Следниот ден на 13-ти декември (10:00) предавање ќе одржи еден од најреноминираните грчки предисторичари, професорот Костас Котсакис кој ќе говори на темата „New Light on the Earliest Neolithic in Greece and the Expansion of Agriculture in Europe“.
Конференцијата ќе биде во чест на истакнатиот археолог Воислав Санев и на неа ќе се изложат 15 реферати што ќе бидат презентирани од македонски, српски, бугарски, грчки, италијански, британски и шпански археолози. Тие ќе говорат за најновите сознанија поврзани со неолитското културно наследство во Македонија и воедно ќе дискутираат за научните проблеми што се однесуваат на бројни отворени прашања во рамки на предисториската археологија. На овој научен собир ќе биде промовиран и зборникот на трудови „Neolithic in Macedonia: challenges for new discoveries“ кој е резултат од минатогодишната конференција.
Конференцијата е резултат на темелната соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Археолошкиот музеј на Македонија и таа е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.
Програма за конференцијата.