Предисториски фертилитет - предавање на Софија Стефановиќ

05.04.2017 – 13:00 ч

Археолошки Музеј на Македонија

Ни претставува особено задоволство да ве поканиме на предавањето на проф. д-р Софија Стефановиќ (Институт Биосенс), еден од најеминетните антрополози во Европа. Нејзиното предавање „Предисториски феритилитет: раѓање, мајки и бебиња во неолитскиот Балкан“ ќе се одржи на 05.04.2017 - 13:00 во Археолошкиот музеј на Македонија.
Таа ќе ги презентира резултатите на нејзиниот тим што истражуваше во повеќе археолошки сфери, а со цел да ги следат палеодемографските процеси и анатомските промени на жените и децата што биле дел од првите земјоделски заедници на Балканот.
Нивните истражувања се насочени кон соодносот меѓу начинот на живеење, исхраната и демографските осцилации, како и на породилните и постпородилните услови во неолитот. Во таа насока, тие ги проучуваат врските меѓу доењето и фертилитиетот, влијанијата врз менувањето на исхраната во текот на бременоста, но исто така и поврзаноста меѓу еволуцијата на исхраната и морталитетот на бебињата.
Организатори на ова предавање се Центарот за истражување на предисторијата и Археолошкиот музеј на Македонија, кои воедно и се вклучуваат во овој обемен истражувачки проект што предвидува истражување и на скелетните остатоци од неолитските населби во Македонија.