Wetlands vs Drylands

Европска асоцијација на археолози, Барселона

Би сакале да ве известиме дека Европската асоцијација на археолози ја прифати сесијата што ЦИП заедно со претставник од Универзитетот во Дарем ја организира на следното генерално собрание во Барцелона. Сесијата именувана како „Wetlands vs Drylands“ ги става под прашање предисториските мочуришта како изолирани социо-еколошки целини, и се осврнува на тековните перспективи на променетите состојби на сегашниот т.н. сув простор, како и на вмрежувањата помеѓу заедниците што живееле во „различни“ средини. Крајниот рок за пријавување реферати е 15-ти февруари, а повеќе податоци за сесијата на ЕАА може да најдат на линкот и адресите наведени подолу: Link