Дарко Стојановски
Grnčarica: a contribution to the Early Neolithic puzzle of the Balkans

Скопје: ЦИП - Центар за истражување на предисторијата, 2017.

Монографијата Grnčarica: a contribution to the Early Neolithic puzzle of the Balkans е концентрирана на еден од последните истражувани неолитски локалитети во Македонија, а којшто се наоѓа во близина на селото Крупиште во штипскиот регион. Авторот Дарко Стојановски прави опсежен преглед на резултатите од истражувањата на оваа населба во 2007 и 2008 година, притоа истакнувајки ги архитектурата, материјалната култура и погребувањето карактеристични за заедниците што го основале ова место. Во таа смисла, тој става особен акцент на радиокарбонското датирање на локалитетот и се обидува хронолошки да го определи времето во кое тој бил активен и воедно да го смести во релација со останатите населби од раниот и средниот неолит на Балканот. Поради тоа авторот прави детален осврт на керамичките садови, коишто се воедно негова студија на случајот и преку нивната типологија, технологија и функција се обидува да придонесе кон склопување на сложувалката за неолитизацијата на Балканот. Оваа монографија претставува одличен преглед на еден невообичаен локалитет за македонската археологија којшто дава нова слика за развојот на неолитот и за животот на едни од првите земјоделци во штипскиот регион.