Никос Чаусидис
Луристански стандарди – иконографија, семиотика и намена

Скопје: Центар за истражување на предисторијата, 2022.

Со називот „луристански стандарди“ се означува една мошне голема група бронзени предмети (со очевиден симболички т.е. култен карактер) датирани во доцното бронзено и во железното време. Пронајдени се во областа Луристан во западниот дел на денешен Иран од каде, во минатиот век, ќе доспеат во речиси сите позначајни светски музеи и приватни колекции. Иако монографијата е фокусирана кон иконографијата, семиотиката и намената на овие предмети, во неа е претставена и нивната типологија, произвотство и археолошките контексти во кои се тие пронајдени.

Оваа книга има обемен илустративен материјал на кој текстот честопати се повикува и чиешто механичко прегледување многу го отежнува читањето. Поради тоа, е обезбедена можност за повикување на сликите со кликнување на бројот на конкретната табла со илустрации означен со сина боја, при што таа се појавува во посебно прозорче, без да се напушти матичната страница со текстот. За да функционира оваа опција, во истиот фолдер во кој се наоѓа PDF документот на оваа книга мора да бидaт снимени и таблите со илустрации сместени во фолдерот „Figures“. Најдобро е преземениот PDF документ на книгата (македонската, англиската или обете верзии) да го снимите на вашиот компјутер во одделен фолдер. Потоа треба да го преземет фолдерот „Figures“, да ги извадите од него десетте одделни фолдери и да ги префрлите во фолдерот каде што се наоѓа книгата, без притоа да го менувате местото и називите на овие фолдери и фајловите сместени во нив. При првото кликнување може да се појави прозорчe со известување (Launch file) кое повеќе нема да се појавува ако ја активирате наредбата “Do not show this message again”