Брошура со активности и соработки

Почетокот на годината е добар период за да се направи ревизија на стореното и дополнително да се мотивираме за нови активности.

Неолитот во Македонија: чекор напред во проучувањето на првите земјоделски општества

Зборникот 'Неолитот во Македонија: чекор напред во проучувањето на првите земјоделски општества' е второто издание што произлегува од истоимената конференција.

Grnčarica: a contribution to the Early Neolithic puzzle of the Balkans

Монографијата Grnčarica: a contribution to the Early Neolithic puzzle of the Balkans е концентрирана на еден од последните истражувани неолитски локалитети во Македонија, а којшто се наоѓа во близина на селото Крупиште во штипскиот регион.

Македонските бронзи и религијата и митологијата на железнодобните заедници од Средниот Балкан

Со називот македонски бронзи се означува една категорија бронзени предмети од железното време, датирани главно меѓу 8. и 6. век пр. н.е., од кои за повеќето се смета дека биле користени како накит со нагласена симболичка намена. Се смета дека им припаѓале, пред сè, на Пајонците, но и на други популации од Македонија и од нејзиното опкружување.

Зборник на трудови „Неолитот во Македонија: нови сознанија и перспективи“

Зборникот „Неолитот во Македонија: нови сознанија и перспективи“ е резултат од истоимената археолошка конференција во којашто беа презентирани најновите истражувања поврзани со неолитските локалитети во Македонија.

Книга со апстракти од конференцијата ‘Prehistoric Wetlands and Lakes: bringing forward dendrochronology in archaeology’